вести

Фармерите алармираат на драстичен пад на млекопроизводството – субвенции да се даваат според квалитетот

(Oвој напис е објавен на: јануари 30, 2018)

mleko

Националната програма за развој на земјоделството и руралниот развој 2018-2022 година донесена од страна на Владата е добра, но нема доволно апликанти за истата. Ова е ставот на Групацијата за откуп, преработка и производство на млеко при Стопанската комора на Македонија.

На стостанокот одржан минатата недела, претставниците од секторот сметаат дека ваквата состојба е поради тоа што во 2017 година повеќе од 50% од средствата не беа искористени затоа што фармерите не се подготвени да ризикуваат.

Со истата треба да се поддржат поголемите производители, а не малите со 3-5 грла кои сочинуваат 92%,  односно да се стимулираат професионалните фармери.

Како што информира Стопанската комора на Македонија, претставниците на Групацијата укажаале на проблемот со увоз на овци и сметаат дека истиот ќе се појави и при увозот на крави. Анализа на грлата се прави во земјата –  извозник и непотребно е истата да не се признава од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство, а фармерите да бидат оптоварени со дополнителни давачки кон Агенцијата.

Исто така, велат дека проблем e и доцнењето на инспекцијата по неколку месеци при увоз на грла, па во случај некое од нив ако умре, може да не се признае фактичката состојба, а фармерот да остане без средства од државата.

Според информацијата од Стопанската комора, домашните откупувачи на млеко укажуваат и на сериозен пад на количините на сурово кравјо млеко, што доведе до недостаток на истото кај повеќе млекарници во државата, при што дојде до зголемување на реалната цена на суровото млеко.

-Во новонастанатата ситуација, никој веќе не обрнува внимание на квалитетот на суровото кравјо млеко во поглед на хемискиот квалитет, протеинот е доста намален, додека микробиолошкиот квалитет е влошен повеќекратно, што претставува ризик по млечната индустрија, велат од Групацијата преработка и производство на млеко.

-Агенцијата за храна и ветеринарство нема уште долго да биде флексибилна во однос на прашањето на откуп и користење на млеко кое не одговара според регулативата, во најмала рака тоа ќе биде условно употребливо, што претставува дополнителен проблем кој ги оптоварува домашните преработувачи на млеко, сметаат фармерите.

Тие порачуваат дека потребно е делување во пократки временски рамки, а еден од начините е потполна промена на начинот на субвенционирање на кравјото млеко, исклучиво според целокупниот квалитет и тоа што е можно поскоро.

Можеби е непопуларна мерка за многу фармери кои не ги исполнуваат условите, но со воведување на истата може да се дојде до подобри  резултати во најкус можен рок. Одлагањето на таквата мерка веќе неколку години придонесе да се влоши и тој некаков, посебно микробиолошки квалитет, кој фармерите го имаа многу години порано.

Проблем е и немањето национална референтна лабораторија, а покрај неа, потребни се и повеќе приватни овластени лаборатории за дополнителни анализи. Хрватскиот модел, сметаат домашните производители, е најдобар и потребно е  истиот во целост да се примени и кај нас, а независни лица да ги земаат пробите.

Потребно е активно учество од страна на Групацијата во телата на  Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство кои се надлежни за формирање на таквата мерка на субвенционирање, процес кој беше почнат, но веќе неколку години е целосно во прекин, се вели во соопштението од Стопанската комора на Македонија.


 

еМагазин.мк

 

Тагови

Валентина Соколовска

Зелена берза – Гласот на земјоделецот Заедно со Вас, драги земјоделци, ја создадовме „Зелена берза“, како Здружение на земјоделци, како начин на заедничка работа преку кој ќе стигнеме до нашите јасни заеднички цели: да се слушне гласот на секој земјоделец, да размениме искуства, да создадеме услови во кои ќе можеме успешно да работиме, а земјоделскиот труд да добие соодветен приход. „Зелена берза“, постои за Вас, да ве поттикне, да ве информира, но и заеднички со Вас да се избори за квалитетно и исплатливо производство, за производи кои гарантирајќи квалитет ќе обезбедат сигурност, стабилност и добар профит. Визијата на најголемото, невладино и непрофитно, земјоделско здружение во Р. Македонија – „Зелена Берза“ е да прераснеме во здружение со илјадници членови, здружение со големо влијание врз законските норми кои го регулираат земјоделието и здружение кое ќе му даде глас на секој индивидуален земјоделец. Грб во тешките времиња и земјоделски промотор во добрите. Нашата мисија е да го промовираме македонскиот земјоделец, да градиме партнерски односи со производителите и со трговците, да создадеме заедница на македонските производители на храна која ќе ги претставува и ќе се бори за интересите на современето македонско земјоделие, во државата и странство. Приклучете ни се, бидете дел од нас. Раскажете ја вашата приказна, актуелизирајте го Вашиот проблем, презентирајте ја Вашата идеја, понудете добри совети. Ние сме тука, да го пренесеме Вашиот збор, да преземеме активности и заеднички да креираме успеси, што ни е силно потребно, на сите нас, кои директно или индиректно, сме дел од земјоделието. Успехот во оваа гранка, е успех на животот, зошто здравата храна е еден од клучните фактори за здрав живот, а земјоделецот е неговиот најважен столб. И нашиот месечник е олицетворение на вредностите кои ги застапува Зелена берза. Делењето на бесплатни примероци има за цел да го зголеми опсегот на гласот на земјоделците, заедно да ги решиме децениските земјоделски проблеми, натежнати врз сите нас. Заедно да го продолжиме патот кој започнавме да го трасираме. Креирајте го Вашиот весник, според Вашите желби и потреби. Ние сме тука за Вас. Редакцијата на нашиот и Ваш весник, Ви стои на располагање за споделување на Вашата приказна, Вашите совети и Вашето искуство во земјоделието. Контактирајте не на телефон 071 207 021, преку електронска пошта [email protected] или на страната на ФБ / Зелена Берза Срдечен поздрав, Вашата Зелена Берза

Слични написи

Back to top button
Close