Студено утро: Берово минус 4, Tетово минус 2 степени
Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд.
Ниски утрински температури утрово се измерени во Берово минус 4 степени, Тетово – 2 степени, Скопје, Битола, Струмица и Куманово минус 1 степен.
Променливо облачно, претпладне по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во Скопје, претежно облачно со слаб јужен ветер.


ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Под влијание на серија од влажни воздушни бранови од утре во вечерните часови следува период на претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните и јужните делови. На некои од повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Минималните температури ќе бидат насекаде позивитивни.





