fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Како против ценовниот шок – бизнис секторот нуди решенија, Владата најавува таргетирани мерки

Ако сакаме да се заштитиме од ценовни шокови, треба да одиме во еден правец – домашно производство и на енергенси и на прехранбени производи.

По зголемувањето на цените на храната и горивата во изминатите два дена и најавите на Владата и опозицијата за нови антикризни мерки, вчера со предлог мерки излезе и бизнис секторот. За полесно да се пребродат ценовните шокови, од Сојузот на стопански комори бараат активирање на државните резерви, зголемување на домашното производство и елиминирање на непотребните бирократски процедури за инсталирање на обновливи извори на енергија.

-Бараме решителна реакција, сега и веднаш. Има најави, но бараме дела. Ако сакаме да се заштитиме од ценовни шокови, треба да одиме во еден правец – домашно производство и на енергенси и на прехранбени производи. На тој начин, шоковите би биле помали и ситуацијата би се држела некако под контрола. Производството може да се зголеми, можеби не драстично, но секојдневно секако да, изјави претседателот на ССК Трајан Ангелоски.

Од ССК сметаат дека компаниите можат добар дел од енергетските потреби сами да ги задоволат, а неопходното да го купат.

– Нема потреба да имаме толку сложени процедури, да губиме време по општини за градежни дозволи или по институции за вадење документи. Чекаме по 60 – 90 дена. Според неофицијални информации, само во една од скопските општини има 30 – 40 предмети за обновливи извори. Денес не е проблем да се обезбеди опремата, но на обезбедена опрема и можност таа да се монтира, ние сме закочени во административните процедури, рече Ангелоски.

Ценовниот шок, според ССК, е резултат на непродолжувањето на антикризните мерки поврзани со ДДВ-то и маржите. Очекувањата на ССК, како што изјави Ангелоски, биле постепено да се нивелираат даночните ослободувања.

Од Владата најавија нови антикризни мерки во најкус можен рок по донесувањето на ребалансот на Буџетот. Мерките, како што појаснија, ќе бидат потаргетирани и во согласност со последните препораки на меѓународните финансиски институции.

Од Министерството за финансии вчера информираа дека во ребалансот се проектирани околу 76 милиони евра за антикризни мерки, како и за субвенции за покачување на минималната плата, пари за зголемување на пензиите и дополнителни средства за субвенции за земјоделците.

– Грижата за граѓаните и економијата ќе продолжи, додека исто така ќе продолжи определбата за водење прудентна фискална политика, која е во насока на намалување на буџетскиот дефицит на среден рок,  наведоа од Министерството за финансии.

Оттаму појаснија дека со ребалансот, и покрај одреденото проширување на дефицитот, тој сепак е под нивото во 2021 година и значително под нивото од кризата 2020 година. Повеќе на https://nezavisen.mk/kako-protiv-cenovniot-shok-biznis-sektorot-nudi-reshenija-vladata-najavuva-targetirani-merki/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close