fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

ВМРО-ДПМНЕ: Ќе забраниме увоз на тутун дури не се откупи од домашното производство

Тутунот е стратешка земјоделска култура од која живеат десетици илјади семејства во Македонија, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ..

Власта на Заев покажа дека не се грижи за нивниот труд, туку се става на страната на откупувачите и затоа тутунарите не можат да си го наплатат својот труд, се чувствуваат изневерени и погазени.

ВМРО-ДПМНЕ секогаш било и ќе остане на страната на чесниот земјоделец. ВМРО-ДПМНЕ во првата можност ќе го измени законот за тутун и ќе забрани увоз на тутун се додека не се откупи и последната количина тутун произведена од македонскиот земјоделец. На овој начин ќе се постигне повисока откупна цена на тутунарите и реално вреднување на нивната мака и труд. Не смее да се дозволи уште една пропадната реколта во која тутунопроизводителите ќе продаваат килограм тутун по цена од една кутија цигари, цена која не е доволна да ги покрие основните трошоци за производство, а не пак да остане нешто за живот на овие вредни семејства.

Овие четири години власт на Заев се четири украдени години за граѓаните, а посебно за тутунопроизводителите. Наместо македонскиот тутун да се откупи по реални цени, Заев овозможи да се увезува тутун од странство и на тој начин тутунарите ги доведе во подредена положба и да бидат ограбени. Доста е!

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close