fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Тутунарите во исчекување – дали ќе има итна седница на Собрание за да се продолжи рокот за откуп на тутунот до крајот на март

Дали откупувачите денеска ќе ги затворат вагите?

Иако министерот за земјоделство Арјанит Хоџа најави итни измени на Законот за тутун за да може наместо до крајот на месецов, тутунот да се откупува до крајот на март, сепак ваквите измени се уште не се донесени.

Тутунарите реално стравуваат дека откупувачите денеска  ќе ги затворат вагите и се додека не се донесат измените на Законот за тутун со кој се предвидува продолжување на откупот до 31 март, откупот законски не смее да продолжи.

Вчера премиерот Зоран Заев рече дека силно ја поддржува иницијативата да се одржи итна седница на Собранието за да се продолжи рокот за откуп на тутунот и да биде откупена целата годишна реколта и со помош на дополнителните пет милиони евра од Пакетот 5 да им помогне на тутунопроизводителите да постигнат просечна цена од 180 денари по килограм.

-Ако Собранието постигне согласност за итна седница на Собранието за да се продолжи рокот за откуп до крајот на март наместо до крајот на февруари, ќе добиеме можност за откуп на целата реколта и наместо сегашната просечна цена од 165 денари ќе се создадат услови за постигнување на 180 денари по килограм тутун, рече премиерот Заев.

Тој информираше дека до сега се откупени 24,5 милиони килограми тутун и дека за откуп за оваа реколта се обезбедени 4 милијарди денари, односно 70 милиони евра.

А.Б

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close