fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Велес доби најголем покриен пазар во регионот

Најголема општинска инвестиција од осамостојувањето

Велес доби нов современ покриен пазар, кој беше предаден за користење на Денот на општината 9 Ноември. Свечениот чин, сечењето на црвената лента го сторија актуелниот градоначалник Марко Колев и двајцата претходници Аце Коцевски и Славчо Чадиев, како и Снежана Дервишова, службеник која трите години беше задолжена за активностите за изградбата.

„Отвораме капитален објект, кој беше долго време потребен и на граѓаните и на продавачите. Тој долго време се работеше. Посакувам овој објект да го чуваме, граѓаните да можат да го користат, продавачите да се чувствуваат пријатно, безбедно и заштитено“, кажа градоначалникот Марко Колев.

Тој ги покани на свеченост претходни градоначалници Коцевски и Чадиев, за кои рече имаат заслуга за постоењето на објектот. Колев се заблагодари за нивниот ангажман во започнувањето и реализацијата. Градоначалникот изрази благодарност и до Владата која издвои 40 милиони денари, средства со кои се градеше горниот дел од пазарот, како и до Светка банка за одобрениот кредит.

Покриениот градски пазар е најголема инвестиција на локалната власт во Велес, изминатите 30 години, од осамостојувањето на Македонија. Градежната парцела опфаќа 4.172 квадратни метри, од кои 3,4 илјади м2 се површина наменети за продажба. Поставени се 310 тезги за овошје, зеленчук, текстил, железарии и цвеќе. Во засебни простории се продаваат сирење и јајца. Извор https://sdk.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close