fbpx
ВестиМакедонијаСоветиТоп вести

По колку време е безбедно да се видите со некој што имал коронавирус?

Во зависност од тежината на болеста, лекувањето и целосното закрепнување траат од две недели (благи случаи) до повеќе од шест недели (посериозни случаи кои бараат хоспитализација).

Пред да размислите за средба со некој што имал коронавирус, важно е да бидат исполнети овие три критериуми:

1. Заразеното лице да нема температура три дена.

2. Неговите респираторни симптоми (како кашлица и останување без здив) да бидат подобрени.

3. Да поминат 10 дена откако се појавиле првите симптоми.

Како да знаете дека вирусот веќе не е во организмот?

Лекарите потенцираат дека само ако се исполнуваат сите три услови, личноста веќе не е заразна. Само тогаш контакт со неа е безбеден. Сепак, важно е да се запамети дека луѓето кои заздравуваат од ковид-19 сè уште може да имаат одредени симптоми, како што се замор или главоболка. Но, тоа не значи дека тие се сè уште заразни. На некои луѓе им треба повеќе време за да се вратат во првобитната физичка состојба.

Оние што биле позитивни на ковид-19, без разлика дали имаат симптоми на болеста, треба повторно да бидат тестирани. Кога резултатот од два последователни тестови (меѓу кои поминале најмалку 24 часа) е негативен, враќањето на секојдневните активности (вклучително и работата) е безбедно.

Сепак, носењето маска и социјалното растојание во јавност сè уште треба да се применуваат. Фактот дека некој го прележал вирусот не значи дека сегашните препораки за превентивни мерки за заштита од вирусот не се однесуваат на него. Важно е сите, вклучително и оние кои го прележале вирусот, да се придржуваат кон мерките за заштита сè додека не заврши пандемијата.

Слични написи

Back to top button
Close