fbpx
ВестиОгласникТоп вести

Повик за пријавување интерес за развој на земјоделски задруги

Повик бр. 4/ЗАМ/2018 за пријавување интерес за развој на земјоделски задруги

Техничка поддршка – прва фаза

Проектот „Поддршка за развој на земјоделски задруги“, финансиран од ЕУ, Ве поканува да учествувате на „Повикот за пријавување интерес за развој на земјоделска задруга“.

Генералната цел на поддршката е подобрен и конкурентен земјоделски сектор преку зајакнување на капацитетите на земјоделските задруги. Специфичната цел на поддршката е зголемена продуктивност и зголемени економски резултати преку поддршка за развој на земјоделски задруги.

Право на учество имаат сите земјоделски задруги регистрирани во надлежниот регистар на земјоделски задруги.

Рокот за доставување пријави е 15.10.2018 г. до 16.00 часот.

Инструкциите и обрасците за аплицирање може да ги подигнете во просториите на Македонската развојна фондација за претпријатија – МРФП или од веб-страницата www.zadrugi.mk

Пријавите се поднесуваат на следната адреса: Македонска развојна фондација за претпријатија, ул. „Никола Парапунов“ бр. 41a, 1060 Скопје, со назнака „За повик бр. 4/ЗАМ/2018“.

Оваа постапка за избор се спроведува во рамките на проектот „Поддршка за развој на земјоделски задруги“ кој е финансиран од Европската Унија, а спроведуван од CARE Германија/Луксембург и Македонската развојна фондација за претпријатија.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close