fbpx
ВестиЕкологијаМакедонијаТоп вести

Пред Нова година на Попова Шапка на скијање

Попова Шапка по пауза од една година најверојатно ќе ја започне скијачката сезона.Снегот паѓа, но истиот не е доволен за да се пушти сезоната. Моментално правиме подлога која е значајна за одржување на новиот снег кој го очекуваме да наврне деновиве, ни истакнаа накусо од раководството.

Попова Шапка по пауза од една година најверојатно ќе ја започне скијачката сезона. Од раководството велат дека очекуваат пред Нова година да има скијање. Снегот паѓа, но истиот не е доволен за да се пушти сезоната. Моментално правиме подлога која е значајна за одржување на новиот снег кој го очекуваме да наврне деновиве, ни истакнаа накусо од раководството.

Со Скијачкиот центар Попова Шапка, раководи државното претпријатие ЕСМ. Владата минатиот месец донесе одлука сите ски центри поради брзото ширење на пандемијата да не работат. Ваквата одлука наиде на остра реакција од здруженијата, па државата се предомисли и ја преиначи одлуката, центрите ќе работаат, но со строго почитување на протоколи.

Лани Попова Шапка поради немање на доволно снег воопшто не ја отвори сезоната.

Од Иницијативата „Да ја спасиме Попова Шапка“, тогаш обвинија дека причината не е немање на снег, туку неспособноста на менаџерите да менаџираат со центарот. И годинава велат е истата приказна. Центарот велат од година во година тоне.

-Знаеме какви функционери ги водат овие центри, треба тука да дојдат добри менаџери, а не како сега овие центри да ги водат луѓе кои се управувани од политички центри. Место за физибилити студии, требаше да се трошат пари за паркинг, да се пушти во употреба новата жичара, да има голем сервис на сите ски лифтови, ова се главните елементи кои не чинат многу, за разлика од парите кои беа потрошени за физибилити студиите. Попова Шапка е во лоша состојба затоа што политичките пазари доведоа до тоа Попова Шапка да не функционира како што треба.Ние сме се навикнале овие десет години да нема никаков развој, изгледа дека нашите политичари не знаат што може да се добие од центарот ако тој профункционира како што треба, ги имаме центрите од соседните земји и знаеме какви приходи има таму, а сега со вакви личности и институции кои управуваат со нашата земја ќе има само губитоци, истакна од Иницијативата „Да ја спасиме Попова Шапка“.
 

И Универзитетскиот професор по туризам Арта Кадриу, смета дека недоволно се инвестира во зимските туристички центри во Македонија. Тука само се споменува државата, а никој не зборува за локалната самоуправа конкретно за Општина Тетово која треба повеќе да се грижи за центарот, кој е многу важен за локалната економиија, додава таа.

-За жал најголемиот проблем е во човечкиот фактор, немаме инвестиции, тоа е недостаток на Општина Тетово. Од државата има разни проекти за развој, но до каде се тие, е тоа е проблемот.Кога се работи за проекти тие треба да бидат реални и да се реализираат докрај. Ние ги губиме туристите затоа што немаме инфраструктура, истакна Универзитетскиот професор по туризам Арта Кадриу.
 
Државата веќе една деценија ветува голем развој на скијачкиот центар Попова Шапка, но состојбата на терен е катастрофална. Минатата влада ветуваше милионски суми за развој на центарот како изградба на нови жичници, инсталација за вештачки снег, паркинг простор за што имаше изработени студии за развој на центарот. Но студиите и проектите останаа само на хартија.
 
Оваа влада веќе трета година по ред ветува продажба на Попова Шапка или пак јавно – приватно партнерство со цел развој на центарот. Годинава ветувањата и апетите на властите за Попова Шапка отидоа и дотаму, што премиерот Зоран Заев и Министерот за економија Крешник Бектеши, истакнаа дека имаат планови центарот да се поврзе со скијачкиот центар Брезовица лоциран во соседно Косово.
Од Иницијативата да ја спасиме Попова Шапка, ваквата најава ја окарактеризираа како смешна. Брезовица е воздушно далеку од Попова Шапка, која не е уредена воопшто, па сега се најавувува поврзување со друг центар.
-Државата да обезбеди основна инфраструктура за развој на центарот, само така приватните инвеститори ќе инвестираат во него. Идејата на владата за поврзување со ски центарот Брезовица е познат маркетинг пред секои избори. Владата треба да има долгорочен инвестициски план за центарот, кој е стратешки интерес и може да носи голем прилив во буџетот, со оглед на природниот потенцијал со кој располага. Неопходни се инвестиции на Попова Шапка, која е на дното во Југоисточна Европа заедно со Брезовица, а владата најавува нивно поврзување, изјави Валентин Тасевски Иницијатива да ја спасиме Попова Шапка.

 

И додека властите најавуваат поврзување на Попова Шапка со Брезовица нашиот Шарпланински бисер се уште воздушно не е поврзан со Тетово. Гондолата Тетово – Попова Шапка која не е во функција од 2001 година се уште не се реконструира, а најави за изградба на нова имаше и лани лично од министерот Бектеши. Исто пред избори вети милионски суми за изградба на оваа жичара, но по изборите веќе никој од властите на зборува за гондолата.

Зоран Димовски

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close