Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Серафимовски во Преспа на средба со производителите на јаболка, откупувачите и преработувачите

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски денес во Ресен оствари две одделни средби со производителите на јаболка од Преспанскиот регион и со претставниците на откупувачите и преработувачите. Во пресрет на новата реколта, разговорите беа насочени кон навремено согледување на состојбите и предизвиците со кои се соочуваат сите учесници во производството и пласманот на јаболка.

На средбите се разговараше за очекуваните количини и квалитетот на годинешниот род, расположливите откупни капацитети, како и за можностите за пласман на домашниот и регионалните пазари, како и на пазарот на Европската Унија.

Посебно внимание беше посветено на потребата од модернизација на производството, приспособување кон климатските промени и правилна и контролирана употреба на средствата за заштита на јаболковите насади.

„Унапредувањето на квалитетот, примената на современи агротехнички практики и усогласувањето со барањата на пазарите се неопходни за зголемување на конкурентноста на преспанското јаболко. Успешниот пласман бара координиран пристап и заедничка одговорност од сите учесници во синџирот“, порача министерот Серафимовски.

Поврзани новости

Back to top button