Пијанец се соочува со недостиг на работници за берба на вишна

Пијанец се соочува со недостиг на работници за берба на вишна

Најголемиот агрокомбинат во источниот дел на државата „Рудине“, кој располага со 300 хектари сопствени вишнови насади, се соочува со недостиг од работници за берба на овогодишната вишна. Освен недостигот на работна рака оваа година, како што вели Мирко Гоцевски, раководител на секторот овоштарство, поради мразот намален е и приносот, а единствена светла точка е добриот квалитет на вишната. -Очекуваме прилично добар квалитет на вишната, бидејки малку е проредена вишната и се очекува да набереме меѓу 800…

Повеќе...

Родот на вишните намален, но се очекува добра откупна цена

Родот на вишните намален, но се очекува добра откупна цена

Родот на вишните во земјава е намален минимум за 30 отсто, но производителите и преработувачкиот сектор сметаат дека тоа ќе се компензира со повисоката откупна цена. Горан Митев менаџер на фирмата „Фруктана“-Штип, која е најголемиот производител и преработувач на вишни во штипско-карбинскиот регион вели дека годинава мразевите го намалиле родот на вишните. – Родот кај некои овошки ќе биде минимум намален за 30, а кај некои и до 50 проценти во однос на минатата година….

Повеќе...

Најперспективни видови вишни за нашето поднебје

Најперспективни видови вишни за нашето поднебје

Според последните истражувања, потврдено е дека вишната е најконкурентна овошка на европскиот пазар, но недоволно е искористена. Постојат многу сорти на вишни кои се одгледуваат кај нас, но според анализите на светскиот пазар, утврдено е дека следните сорти од оваа овошка се најраспространети и имаат најдобри биолошко – земјоделски својства. Покрај големиот број сорти на вишни, потребно е да се изврши избор на садниците за одгледување. Правилниот избор на сортите на вишни во однос на…

Повеќе...

Сакате да засадите вишни и цреши? Подгответе го земјиштето на вистинскиот начин

Сакате да засадите вишни и цреши? Подгответе го земјиштето на вистинскиот начин

Со почетокот на есента, почнува и сезоната на садење на овошјата. Доколку планирате својот овоштарник да го збогатите со стебла на вишни и цреши, најважно е на вистински начин да го подготвите земјиштето на кое ќе ги посадите овошките. Риголовање Пред да го подготвите за садење површинскиот слој на земјата, многу е важно да посветите внимание на длабинско орање, односно риголовање на земјата. Со оваа постапка, најплодниот слој од земјиштето се спушта до длабина на…

Повеќе...

Околу 90 отсто штети кај вишните од невремето во делчевско

Околу 90 отсто штети кај вишните од невремето во делчевско

Штети на вишновите насади предизвика синоќешното невреме проследено со град, дожд и силен ветар во делчевско. Според земјоделците, најголеми се штетите во Тработивиште, Вирче, Град и Петрашевец, додека 50 до 90 отсто се уништени насадите на комбинатот „Рудине ММ“. – Од утрово бевме на терен по сите вишнови насади и глетката е очајна. Она што се спаси од пролетниот мраз го доуништи градот. Не памтам вакво невреме последниве две децении. Штетите се големи. Од насадите…

Повеќе...

Околу 90 отсто штети кај вишните од невремето

Околу 90 отсто штети кај вишните од невремето

Штети на вишновите насади предизвика синоќешното невреме проследено со град, дожд и силен ветар во Делчевско. Според земјоделците, најголеми се штетите во Тработивиште, Вирче, Град и Петрашевец, додека 50 до 90 отсто се уништени насадите на комбинатот „Рудине ММ”. – Од утрово бевме на терен по сите вишнови насади и глетката е очајна. Она што се спаси од пролетниот мраз го доуништи градот. Не памтам вакво невреме последниве две децении. Штетите се големи. Од насадите…

Повеќе...

Во Пијанец и Малеш почнува бербата на вишна, родот преполовен

Во Пијанец и Малеш почнува бербата на вишна, родот преполовен

Родот на вишни во регионот на Малеш и Пијанец годинава е преполовен, каде годишно се берат над 2 илјади тони вишни. Најголемиот откупувач во овој регион „Рудине ММ“ е подготвен за откуп на свежото овошје. Богдан Стојаноски, менаџер во комбинатот истакнува дека од сопствените насади на комбинатот кои се на површина на околу 200 хектари, наместо очекуваните 1.300 тони, ќе наберат едвај 600 тони. – Во старт значи дека 50 отсто од суровинскиот дел е…

Повеќе...

Уништени над еден тон вишни во конзерва и небезбедни пластични садови

Уништени над еден тон вишни во конзерва и небезбедни пластични садови

Загадено јагнешко и пилешко месо од Романија, вишни во конзерва збогатени со бактерии, пластични чинии од Kина и шпански кремови полни со алергени се само дел од производите за кои лани алармирале од европскиот систем за безбедност на храната.

Повеќе...