Дебата за законот за земјоделски задруги

Дебата за законот за земјоделски задруги

Земјоделските задруги предлагаат поголема поддршка за својот развој и опстанок по најавата за укинување на законот за земјоделски задруги и префрлање на одредбите во други закони. Струмичката задруга „Вегефреш“ предлага унапредување наместо укинување. Македонската асоцијација на земјоделски задруги смета дека законите и обидите за задругарство во државата не го дале очекуваниот ефект. Во Струмица денеска се разгледуваа нацртите на новите законски одредби кои би требало да влезат во рамки на законот за земјоделство и рурален…

Повеќе...

За поголем економски бенефит земјоделците да се здружуваат во земјоделски задруги

За поголем економски бенефит земјоделците да се здружуваат во земјоделски задруги

Земјоделците во Македонија мора да се здружуваат за да имаат поголем економски бенефит, велат од Македонската асоцијација на земјоделски задруги. Тие работат на промоција на задругарството, а преку проект финансиран од Европската Унија треба да се формираат нови задруги, а постоечките ќе бидат поддржани со грант. Можностите за здружување се предизвик за земјоделците во идниот период. – Сепак ние како земјоделци во МК сме ситни, искуствата од европските држави покажуваат дека само здружени може да…

Повеќе...

Финансирање на земјоделски задруги

Финансирање на земјоделски задруги

Со еден милион евра од европските фондови ќе се финансира развојот на постоечките земјоделски задруги во земјава. Задругарите кои сакаат да ги искористат овие пари треба да аплицираат на огласот кој ќе трае до 15- ти октомври годинава. До 15-ти октомври годинава е отворен огласот за развој на земјоделските задруги. Огласот е дел од проектот финансиран од Европската унија, кој предвидува грант од скоро еден милион евра за зајакнување на постојните или за формирање нови…

Повеќе...

Задругите сериозен предизвик на македонското општество

Задругите сериозен предизвик на македонското општество

  Македонската развојна фондација за претпријатија и претставници на CARE Германија-Луксембург започнаа со информативни средби со  земјоделци, земјоделски стопанства и земјоделски задруги во државата.  Во четири градови низ државата  го претставуваат концептот на здружување и можностите што ги нуди земјоделското здружување. „Задругите се сериозен предизвик на македонското општество, бидејќи кај нас доминантен е индивидуализмот. Секој сака да биде сам свој газда. Тоа создава проблеми не само на земјоделците  туку и на самото  општество бидејќи најголем…

Повеќе...

Модерниот концепт за земјоделски задруги претставен во Тетово

Модерниот концепт за земјоделски задруги претставен во Тетово

Претставници на Македонската развојна фондација за претпријатија и CARE Германија-Луксембург на информативната средба со земјоделци, земјоделски стопанства и земјоделски задруги од полошкиот регион во Тетово ги претставија предностите од здружувањето во задруги како и можностите за аплицирање за техничка и финансиска поддршка за формирање и за развој на земјоделски задруги во Македонија. Вкупно во целата држава се планирани 20 вакви информативните средби како дел од проектот „Поддршка за развој на земјоделските задруги“. Проектот е финансиски…

Повеќе...

До 15 октомври оглас за развој, до 30-ти за нови земјоделски задруги

До 15 октомври оглас за развој, до 30-ти за нови земјоделски задруги

До 15 октомври годинава е отворен огласот за развој на земјоделски задруги, а до 30 октомври трае повикот за пријавување групи на земјоделски стопанства кои имаат интерес да формираат земјоделска задруга. Двата огласа се дел од проектот „Поддршка за развој на земјоделски задруги“, финансиран од ЕУ, кој предвидува грант од преку еден милион евра за зајакнување на постојните или за формирање нови земјоделски задруги. Инструкциите и обрасците за аплицирање може да се подигнате во просториите на Македонската развојна…

Повеќе...

Македонската асоцијација на земјоделски задруги се вклучи во проектот „БалканРоуд“

Македонската асоцијација на земјоделски задруги се вклучи во проектот „БалканРоуд“

Подготвеност на земјоделците да ја заштитат животната средина преку развој на своите вештини, модернизација на фармите, зголемена профитабилност и подобрен пристап на меѓународните пазари, е една од целите на регионалниот проект „БалканРоуд“ што се спроведува во Македонија, Грција, Кипар, Бугарија и Албанија. Проектот почна во септември лани, а ќе трае до август идната година. Финансиран е од ЕУ, во рамки на програмата „Балкан-Медитеранеан 2014-2020”. Се фокусира на одржливи земјоделски практики кај повеќе земјоделски култури, преку…

Повеќе...

ЕУ дава 2 милиони евра за постојните и за создавање нови земјоделски задруги

ЕУ дава 2 милиони евра за постојните и за создавање нови земјоделски задруги

Задругарите бараат измени во законот за подобри услови за работа во новите задруги. Пример се даноците кои за нив се двојно поголеми од другите земјоделци и наместо 10 подлежат на 20 процентно оданочување. Зголемувањето на пазарната конкурентност и на соработката меѓу земјоделците во Македонија, преку создавање поволни услови за развој на постојните и создавање нови земјоделски задруги ќе се поддржува со 2 милиона евра од Европската унија. Целта е со 20 нови грантови да се…

Повеќе...

Земјоделците бараат да не бидат двојно оданочени за да се здружуваат во задруги

Земјоделците бараат да не бидат двојно оданочени за да се здружуваат во задруги

Земјоделците здружени во задруги се двојно оданочени, што задругарството во земјава го прави неатрактивно и тоа со години не успева да заживее. Затоа бараат да се измени Законот за персонален данок, со кој индвидуалните производители имаат даночно ослободување и плаќаат само два отсто персонален данок,  но ако влезат во задруга го губат тоа право. „Ако еден производ на членот во земјоделската задруга се пласира во Задругата ќе биде оданочен со 10 проценти, а ако задругата…

Повеќе...

Европска поддршка за развој на земјоделските задруги

Европска поддршка за развој на земјоделските задруги

Во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска ќе биде промовиран проектот „Поддршка за развој на земјоделски задруги во Македонија“. Проектот е финансисран од Европската унија, а на промоцијата ќе се обрати министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.   прес24.мк

Повеќе...

Финансиска поддршка за земјоделските задруги

Финансиска поддршка за земјоделските задруги

Земјоделските задруги имаат право на финансиска поддршка за нивното основање и работење. Дополнителни субвенции од државата ќе се добиваат и за осигурување на производството и набавка на механизација. Финансиската поддршка е неповратна, а средствата се предвидени за основањето и за работењето на регистрираните земјоделски задруги. Парите за направените прифатливи трошоци се добиваат по доставено барање за исплата. Субвенциите за осигурување за задругарите се повисоки и се од 70 до 80 проценти од полисата во зависност…

Повеќе...

Задруги и консолидирано земјиште за конкурентно земјоделство

Задруги и консолидирано земјиште за конкурентно земјоделство

Ако сака да има модерно, конкурентно, извозно ориентирано земјоделство, Македонија треба да го развива задругарството и да го спроведе процесот на окрупнување на обработливите површини, порачуваат домашните и странските експерти. Но, ова е подвлечено и во сите анализи изготвени минатите години, а го покажуваат и досегашните искуства. – Ситните приватни земјоделски стопанства се економични само до извесен степен за сметка на големата трудоинтензивност. Ниско стоково стопанство не може да биде конкурентно способно и да ги…

Повеќе...

Николовски: Задругарството ќе биде основа за развој на земјоделската политика

Николовски: Задругарството ќе биде основа за развој на земјоделската политика

По повод Меѓународниот ден на задругите денеска присуствував на конференцијата под мотото „Задругите осигураат дека никој не е изоставен“, организиран од Асоцијацијата на земјоделски задруги, на која што за прв пат се сретнав со претставници од земјоделските задруги од земјава. Целта на конференцијата беше да се слушнат ставовите на претставниците на задругите, со кои проблеми се соочуваат и какви имаат предлози имаат за решавање на истите. Од средбата произлезе дека изминативе 11 години, има многу…

Повеќе...

Во Македонија има само 32 земјоделски задруги

Во Македонија има само 32 земјоделски задруги

Во земјава во моментов има само 32 земјоделски задруги од кои седум со голем обем и 25 помали. Вкупниот производен капацитет е 990 хектари обработлива површина, 260 пчелни семејства, 450 говеда, 200 кози и 250 овци.

Повеќе...

Објавен повикот за формирање на земјоделски задруги

Објавен повикот за формирање на земјоделски задруги

За оваа намена земјоделците на располагање имаат 330 илјади евра. 90 отсто од средствата кои ќе ги добијат како помош се неповратни. Парите ќе можат да ги користат за основање и функционирање на земјоделски задруги, за покривање на основните трошоци.

Повеќе...

Регионална конференција на тема: Земјоделски задруги – придвижувачи на промена

Регионална конференција на тема: Земјоделски задруги – придвижувачи на промена

Во организација на Македонската асоцијација на земјоделски задруги, денеска и утре во Охрид се одржува регионална конференција Земјоделски задруги – придвижувачи на промена.

Повеќе...