Намалена цената на геотермалната вода во Кочани

Намалена цената на геотермалната вода во Кочани

Цената на геотермалната вода се намалува за 1,2 денари по метар кубен и наместо 31,6 денари ќе изнесува 30,4 денари за метар кубен, одлучи Советот на општина Кочани на денешната редовна седница . – Ваква одлука донесе Управниот одбор на КЈП „Водовод“ на последната итна седница, која се одржа на 12 јануари годинава. Советот на општина Кочани на денешната седница само ја потврди одлуката за намалувањето на цената на геотермалната вода, изјави Љупчо Папазов, директор…

Повеќе...

Со креирање и рециклирање за намалување на учеството на децата во тутунопроизводството

Со креирање и рециклирање за намалување на учеството на децата во тутунопроизводството

За најдобрите детски креации од Филип Морис беа обезбедени награди кои вклучуваат книги, енциклопедии, комплети за цртање како и други училишни помагала и опрема. Учениците од основните училишта во Општина Кривогаштани создадоа единствена и уникатна изложба – креации направени од отпадот од производниот процес на тутунот. За создавање на автентичните уметнички креации се натпреваруваа 530 ученици на возраст до 15 години и беа изработени 82 експонати. Натпреварот и изложбата се дел од проектот „Механизми за…

Повеќе...

Задругарството им ги намалува трошоците на земјоделците

Задругарството им ги намалува трошоците на земјоделците

  Во Македонија, годинава, земјоделците формирале 10 нови задруги, а главната цел им била окрупнување на парцелите Поголема конкурентност, пониски трошоци на производството, отворање на нови пазари и заедничко инвестирање во механизација, се предностите кои ги нуди здружувањето во земјоделските задруги. Во Македонија, годинава, производители формирале 10 нови здруженија, а главната цел им била окрупнување на парцелите и профитабилно производство. Една од најголемите придобивки на задругарството е размената на идеи и знаења меѓу земјоделците. Едукацијата,…

Повеќе...

Се намалуваат насадите на тетовски јаболка

Се намалуваат насадите на тетовски јаболка

Тетовското јаболко, иако е надалеку прочуено по својот квалитет, од година в година го има на се помалку насади. Жално е велат производителите, што и покрај одличната клима и почва во тетовско, интересот за одгледување јаболка опаѓа. Петре Златановски од Седларце целиот живот и го посветил на јаболката. Со годините е вели се потешко – слаба откупна цена, големи трошоци за производство, многу вложен труд разбирање, работа, но традицијата на одгледување на јаболка ја продолжува…

Повеќе...

Намален индексот на цените во земјоделството

Намален индексот на цените во земјоделството

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во август 2016 година, во однос на истиот месец од претходната година, и кај инпутот и кај аутпутот, е намален за 0.8%.

Повеќе...

Ќе се намали производството на млеко во ЕУ

Ќе се намали производството на млеко во ЕУ

Со укинувањето на производните квоти за млеко на 31 март во 2015 година, Европската комисија ја отвори Пандорината кутија па сега се обидуваат да ја решат настанатата штета. ЕК сака проблемот поради зголеменото производство, таложењето на резервите, предизвикани и од руското ембарго, да го реши со усвојување на Закони за редукција на производството на млеко.

Повеќе...

Забрана за дневното намалување на откупните цени на земјоделските производи

Забрана за дневното намалување на откупните цени на земјоделските производи

Трговците кои вршат откуп мораат да ги истакнуваат минималните цени по кои ќе купуваат во наредните седум дена без да ги менуваат, односно да ги намалуваат. Откупните цени може да бидат поголеми, но неможе да бидат помали од истакнатите неделни цени.

Повеќе...

Зголемена продажбата на земјоделски производи, намален откупот

Зголемена продажбата на земјоделски производи, намален откупот

Зголемување на откупот и продажбата на земјоделски производи е забележано кај градинарските и фуражните растенија, овошјето, алкохолните пијалаци, живината и јајцата, млекото, млечните производи и рибата, а намалување е забележано кај житата, индустриските растенија и добитокот.

Повеќе...

Консолидацијата ќе донесе поголеми приноси и помали трошоци

Консолидацијата ќе донесе поголеми приноси и помали трошоци

Консолидација, односно окрупнување на земјоделското земјиште значи подобра и поефикасна обработка на земјиштето, поголем принос и поголема конкурентност. Во Македонија скоро 80 проценти од земјоделското земјиште е приватно, а малите и расцепкани парцели создаваат повисоки трошоци и се проблем за земјоделците.

Повеќе...

Зголемено производството на овчо и козјо, а намалено на кравјото млеко

Зголемено производството на овчо и козјо, а намалено на кравјото млеко

Зголемување на производството во 2015 година е забележано кај овчото млеко за 14.3 отсто и кај козјото млеко за 14.6 отсто.

Повеќе...

Намалени цените во земјоделството

Намалени цените во земјоделството

Според податоците на Државниот завод за статистика, во делот импут намалувањето на цените за тековно потрошени средства во земјоделството изнесува 2,5 отсто, а кај цените за средства наменети за инвестиции во земјоделството има пораст од 0,3 отсто.

Повеќе...

Приходите на ЗК Пелагонија намелени за 9,74 проценти, добивката зголемена

Приходите на ЗК Пелагонија намелени за 9,74 проценти, добивката зголемена

Во анализираниот период на финансиските извештаи од деловната 2015 год. остварени се оперативни приходи во износ од 1.227.142 илјади денари, истите бележат намалување од 9,74 % во однос на претходната деловна година.

Повеќе...

Скопје, намалена цената на лебот

Скопје, намалена цената на лебот

Според одлуката, лебот поефтинува од два до пет денари. Причината е ефтиното српско брашно и нелојалната конкуренција. Според Горан Милишиќ од Групацијата, веќе имало дампинг цени на лебот во останатите градови и најверојатно нема да има нови надолни корекции.

Повеќе...

Цената на лебот и печивата нема да се намалува, производителите бараат сувценции

Цената на лебот и печивата нема да се намалува, производителите бараат сувценции

Мелничарите се жалат дека се наоѓаат во тешка финансиска ситуација поради увозот на ефтино српско брашно. Бараат државата да ги субвенционира со 2,5 денари за откупен килограм на пченица од последната жетва, за да не мораат да го затворат бизнисот. Субвенцијата ќе им помогне цената на брашното да ја спуштат на ниво на српското, за да се изборат против конкуренцијата.

Повеќе...