Во која доба од годината да се риболови?

Во која доба од годината да се риболови?

Пролетта главно ја карактеризира многу високото ниво на реките, поради топењето на снегот на планините. Тоа е период што риболовците не го сакаат, бидејќи реките се излеваат, а терените за риболов се непристапни. Од друга страна, пак, езерата заживуваат, рибите се придвижуваат и почнуваат да бараат храна приближувајќи се кон крајбрежјето. Во овој период температурата на водата уште е ниска, што ја прави рибата помалку подвижна, а како таа излегува од зимскиот пост, станува помалку…

Повеќе...

МЗШВ: Се забранува вршење на риболов во периодот на природен мрест на рибите

МЗШВ: Се забранува вршење на риболов во периодот на природен мрест на рибите

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе решение за забрана за риболов во риболовните води во периодот на природен мрест на рибите за оваа година. Забраната се однесува на риболовните подрачја, риболовните ревири и рекреативните зони, а периодот на забрана е различн за секој вид на риба. Забраната за вршење риболов во период на мрест, е предложена од концесионерите, со цел да се овозможи природен мрест на рибите. Со решението, концесионерите на рибите за организирање…

Повеќе...

Концесија за рекреативен риболов

Концесија за рекреативен риболов

Концесиите  за организирање на рекреативен риболов на 20 зони што опфаќаат делови од Реките Вардар и Црна и акомулациите Матка и Липково се доделуваат за период од шест години. Право на учество на Јавниот повик имаат домашни и странски правни лица кои имаат право да конкурират за повеќе места. Покрај другите документи потребно е да се достави и доказ дека барателот ја има потребната опрема за вршење на рибочуварската служба и дека ќе вработи соодветен…

Повеќе...

Плашица (белвиче, плашка) – Alburnus sp.

Плашица (белвиче, плашка) – Alburnus sp.

Во риболовните подрачја (Охридско, Преспанско, Дојранско Езеро и акумулациите во кои се изведува стопански риболов) плашицата има стопанско значење и се изловува со мрежи за на пазар. Во риболовните ревири и рекреативните зони има огромно значење како објект на рекреативен и спортски риболов. Особено е значајна за спортски риболов и претставува основна риба која се лови на спортските натпревари. Месото од белвицата е вкусно и барано на пазарот.

Повеќе...

Охридско Езеро збогатено со 25 илјади млади јагули

Охридско Езеро збогатено со 25 илјади млади јагули

Третпат годинава Охридското Езеро е порибено со повеќе од 25.000 парчиња подмладок од јагула од страна на АД ЕЛЕМ. Порибувањето почна од кај ресторанот „Ривиера” во Струга и се вршеше на седум локации-Радожда, Калишта, Струга, Сатеска, Андон Дуков, Охрид и во најдлабокиот дел на езерото. ЕЛЕМ, според директорот на ХЕС „Црн Дрим” Тони Маркоски, ја продолжува традицијата која ја почна од 1965 година со порибување на Охридското Езеро со подмладок од јагула, поради попречувањето на…

Повеќе...

Зголемено рибокрадството во езерото Калиманци

Годинава рибочуварската служба од спортско-риболовно друштво „Шаран” од Македонска Каменица одзела над 70 мрежи од рибокрадци кои незаконски ловеле риби со мрежи во езерото Калиманци За претстедателот на СРД „Шаран” Горан Стоименовски, ова е сериозна бројка која имплицира дека е потребна поголема заштита на езерото и посериозен пристап од надлежните институции. -Ние како рибиловно друштво кое ја има концесијата на езерото Калиманци веќе 4 години, алармираме дека има пораст на рибокрадството. Ние како концесионери преземаме…

Повеќе...

Дојран порибен со 50.000 единки автохтон дојрански крап

Дојран порибен со 50.000 единки автохтон дојрански крап

Порибувањето со новиот подмладок го реализираше концесионерот на езерото согласно годишниот план за работа и концесискиот договор. Целта е да се зголеми фондот на риби, а со тоа и да се зачува овој вид автохтона риба за кој во последните неколку години има се поголем интерес од страна на рекреативните риболовци.

Повеќе...

Ендемската пастрмка и забранета се служи

Ендемската пастрмка и забранета се служи

Охридската ендемска пастрмка, и покрај целосната забрана за ловење, може да се најде во охридските и во струшките ресторани, во Битола, па дури и во некои скопски ресторани. Рибата се лови на албанската страна на езерото каде што надзорот е полабав и, преку шверцерски канали, завршува на трпезата во угостителските објекти во Македонија.

Повеќе...

Јагулата пак ќе тргне на пат долг 6000 километри

Јагулата пак ќе тргне на пат долг 6000 километри

“На македонската страна на реката Дрим има две брани, а на албанската се изградени четири брани. Тоа се вештачки препреки поради кои беше прекинат природниот пат на охридската јагула. Знам дека стручњаците предлагаат изградба на т.н. лифтови до овие брани, со кои јагулата би се подигнувала преку препреките при одењето кон Саргаското Море и по враќањето во Охридското Езеро”, кажува Димитриевски.

Повеќе...

Дојранската пирана привлече голем број рибари

Дојранската пирана привлече голем број рибари

Последните десетина дена бројот на издадени дневни дозволи за рекреативен риболов во Дојранското езеро се зголемил за околу 200 отсто, вели концесионерот Илчо Парчев. Според него, веста за појава на пирани во езерото го зголемила интересот кај спортските риболовци.

Повеќе...

Чистата вода го врати ракот во Охридското Езеро

Чистата вода го врати ракот во Охридското Езеро

Чистата вода го врати слатководниот рак на бреговите на Охридското Езеро. Тој настрада и поради чумата која пред дваесетина години ги зафати европските езера и реки. Неговата појава е најдобар знак дека водата е ослободена од нитрити и оти може дури и да се пие.

Повеќе...

Министерот Цветков присуствуваше на порибување на Охридското Езеро со ендемична пастрмка

Министерот Цветков присуствуваше на порибување на Охридското Езеро со ендемична пастрмка

-Согласно Законот за рибарство и аквакултура обврска на државата е порибување на природните езера, од што најголемо внимание посветуваме на Охридското Езеро и зачувување на охридската пастрмка, рече Цветков, истакнувајќи дека за таа намена оваа година се издвоени десет милиони денари.

Повеќе...

Велешанец улови риба тешка 18,3 кг

Велешанец улови риба тешка 18,3 кг

Бидејќи за дел од риболовците не беше јасно како амур во Вардар, оти него го има во езерата, Горан додава дека пред некоја година, риболовното друштво од Велес пуштило подмладок од оваа риба во реката, па затоа и не е изненадување што тој фатил токму од овој вид риба.

Повеќе...

Помор на пастрмка во горниот тек на реката Треска

Помор на пастрмка во горниот тек на реката Треска

Во горниот тек на реката Треска деновиве е забележан помор на рибниот подмладок на автохтоната речна пастрмка. Повеќемина жители од крајречните села и рибари ги забележале мртвите риби во коритото на некогаш бистроводната Треска.

Повеќе...

Рибочуварите добиваат овластувања како инспектори

Рибочуварите добиваат овластувања како инспектори

Рибочуварите можат да легитимираат и проверуваат документи кај сите рибари што ловат во води што не се издадени под концесија, односно никој не стопанисува со нив. Ова им го дозволува Законот за земјоделската инспекција, кој е во собраниска процедура.

Повеќе...

Португалците јадат 57 килограми риба годишно, Македонците со 6 килограми се втори на Балканот

Португалците јадат 57 килограми риба годишно, Македонците со 6 килограми се втори на Балканот

Најмногу риба се јаде во Португалија – 56,8 килограми од лице, а Бугарија е на едно од последните места на потрошувачка на морска храна. Македонците, пак, се далеку под европскиот просек, но слични со Бугарите и Црногорците, кои јадат околу 6 килограми риба годишно на човек.

Повеќе...

Јагулата ќе ја снема од Охридското Езеро

Јагулата ќе ја снема од Охридското Езеро

И охридската јагула може наскоро да исчезне од водите на Охридското Езеро, предупредува независниот екологист од Охрид Лазо Наумовски. Европската јагула се мрести во Саргасово Mope, односно 4.800 км подалеку од Охридското Езеро. Мајките јагули, по мрестење, умираат, a нивните ќерки повторно се враќаат во водите на Охридското Езеро.

Повеќе...

Дебарско Езеро збогатено со 50.000 речни пастрмки

Дебарско Езеро збогатено со 50.000 речни пастрмки

Дебарско Езеро завчера беше порибено со 50.000 парчиња подмладок речна пастрмка, во согласност со договорот на Репроцентарот на земјоделската задруга „Охридска риба“ и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

Повеќе...

Денеска, 30ти јуни, завршува забраната на ловот на мрена

Денеска, 30ти јуни, завршува забраната на ловот на мрена

Рибочуварите сметаат дека строгото запазување на датумите и контролите кои што се вршат овозможуваат рибниот фонд да бележи зголемување, а побројните контакти на риболовците со друштвото и ставањето на преден план на рибарската етика, која што е еден од најбитните фактори за еколошко сочувување на видовите на рибите и животинскиот свет во реките овозможува креирање на долгорочни планови.

Повеќе...

Зголемен интерес за рибочувари, намален на кандидатите за ловечки испит

Зголемен интерес за рибочувари, намален на кандидатите за ловечки испит

Огласот следува откако под концесија се издаде голем дел од природните и вештачките акумулации во земјава за кои се изработуваа риболовни основи. Во нив точно стои кои риби можат да се најдат во одредени природни или вештачки езера, кои риби се најзастапени во реките, кога е дозволен риболов, колку рибници може да има на одреден слив или езеро.

Повеќе...

Вардар збогатен со 1.500 пастрмки

Вардар збогатен со 1.500 пастрмки

Целта на проектот е да се овозможи заштита на македонската пастрмка и збогатување на туристичката атракција преку развој и промовирање на висококвалитетен рекреативен и спортски риболов.

Повеќе...
1 2