Развој на рурален туризам во руралната општина Могила со поддршка од Агенцијата за туризам

Развој на рурален туризам во руралната општина Могила со поддршка од Агенцијата за туризам

Детектирање на можностите и потребата од развој на руралниот туризам во општина Могила беше тема на дискусија на работниот состанок на директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) на Република Македонија, Љупчо Јаневски, инициран од градоначалникот на општината, Јасмина Гулевска. „Можности и услови за развој на туризмот во општина Могила има, но потребна е стратегија за развој и одржливост на руралниот туризам. Општината има потреба од соработка со повисоки инстанци и институции…

Повеќе...

Македонија без стратегија за рурален туризам

Македонија без стратегија за рурален туризам

Селски, зелен, еко, алтернативен, етно, агро,… Сите овие термини се „во игра“ кога некој во Македонија зборува за рурален туризам. Земјава, на национално ниво, се уште нема единствен став или официјална дефиниција – што е рурален туризам и кои се неговите карактеристики. Секторот е во почетна фаза од развојот и од економски аспект дава т.н. мек ефект. Допрва се очекуваат зголемен број гости, повеќе рурални туристички производи и отворање нови бизниси. Стратегија нема, а онаа што…

Повеќе...

За последните три години пропаднаа пет милиони денари државна поддршка на руралниот туризам

За последните три години пропаднаа пет милиони денари државна поддршка на руралниот туризам

Само пет отсто од националните и локалните тур-оператори го промовираат руралниот туризам и нудат посети и сместувања во рурални средини низ Македонија, а сопственците на капацитети се снаоѓаат како знаат кога станува збор за привлекување туристи бидејќи организирана понуда нема, покажува најновото истражување на Рурална коалиција. Како што беше речено на денешниот настан на кој беа промовирани резултатите од истражувањето, преку 96 отсто од сопствениците на капацитети во руралните средини не знаат дека имало стратегија…

Повеќе...

Агенцијата за туризам и локалната власт соработуваат за развој на руралниот туризам во Кратово

Агенцијата за туризам и локалната власт соработуваат за развој на руралниот туризам во Кратово

Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски беше во работна посета на општина Кратово, каде оствари работен состанок со градоначалникот, д-р Љупчо Бојаџиев. Градот на кулите и мостовите, градот со најубавите легенди од отоманскиот и римскиот период, градот сместен во грлото на изгаснат вулкан има содржини за да привлече многу повеќе туристи. Двете институции беа согласни дека треба да се работи на условите, инфрастуктурата, збогатување на туристичките содржини и нивна промоција,…

Повеќе...

Прва веб-промоција на руралниот туризам во Македонија

Прва веб-промоција на руралниот туризам во Македонија

  Ако е некој сопственик на капацитет во рурална средина или нуди услуги како традиционална храна преку кои се промовира руралниот туризам, со пополнување на формуларот https://rural.mk/ ќе стане дел од првата туристичка понуда на руралните средини во Македонија. Базата на податоци што ќе се креира, ќе биде јавно достапна на веб страницата на Рурална коалиција. Ова е дел од проектот „Стратегиски развој на руралниот туризам – основа за комплементарно поврзување и надополнување на индустриската политика и одржливиот…

Повеќе...

ГАЛИЧНИК

ГАЛИЧНИК

  „Ако Охрид е бисер, Галичник е дијамантот на Македонија.“ – Нове Франговски, сликар. Aко скршнете од патот накај Маврово, на 15 км нагоре по кривините или околу 120 км од Скопје, ќе стигнете во едно од најпознатите села, Галичник. Место, за кое со исконска сила се врзани сите кои се родени или водат потекло од Галичник, горди на своите корени, на неповторливите питоми и сурови убавини, митската сила, мудроста, достоинството и спокојството. Планинското село,…

Повеќе...

Македонските села имаат голем потенцијал за развој на руралниот туризам

Македонските села имаат голем потенцијал за развој на руралниот туризам

Освен Скопје и селата имаат голем потенцијал за развој на туризмот. Од канцеларијата на регионалниот центар за животна средина велат дека спроведување на одржлив туризам во руралните подрачја е можен, а со него се постигнуваат низа позитивни ефекти.   алфа.тв

Повеќе...

Општините Новаци и Алмопија ќе го развиваат туризмот со пари од ЕУ

Општините Новаци и Алмопија ќе го развиваат туризмот со пари од ЕУ

Завршната конференција на проектот „Жива историја – живо наследство“ ќе биде организирана во општинската сала на Општина Новаци, утре во 12 часот. Проектот, кој чини 293.036 евра, е финансиран од Европската Унија во рамките на Програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Грција. Целта на овој проект е да се зајакне соработката помеѓу општината Новаци и грчката општина Алмопија, за да се промовираат и да се заштитат природното и културното наследство на оваа прекуграничната област. За…

Повеќе...

Субвенции и за селски куќи пренаменети за туризам

Субвенции и за селски куќи пренаменети за туризам

Куќите ќе добијат ознака на која има „сончоглед“, потврда дека станува збор за селско домаќинство во рурална средина кои вршат угостителска дејност. Министерството за економија ќе субвенционира изградба или адаптација на селски куќи на домаќинства кои ќе даваат угостителски услуги. Финансиската поддршка во износ од 60 отсто од докажаните трошоци, но не повеќе од 200.000 денари, ќе биде наменета за набавка на опрема и инвентар, како и за уредување на просторот на селски домаќинства. Критериуми…

Повеќе...

„Македонско село“ – магнет за домашните гости и странските туристи

„Македонско село“ – магнет за домашните гости и странските туристи

Македонија во мало на 12.000 м2. Цела нејзина историја, традиција и архитектура испреплетена со стари занаети, народни носии, сувенири и култура. Комплексот Македонско село е лоциран во прекрасната природа на планината Водно, кој освен одмор, чист планински воздух и прекрасен поглед кон Скопје на посетителите им нуди врвна услуга и незаборавно искуство. Покрај капацитетот за 100 гости односно 49 соби и неколку ресторани во овој зимски период на посетителите, комплексот им нуди можност да уживаат…

Повеќе...

Куратица лидер во развојот на руралниот туризам

Куратица лидер во развојот на руралниот туризам

Македонските села магнет за туристите. Во охридскиот регион лидер во развојот на руралниот туризам е селото Куратица каде туристите уживаат во органската локална храна, чистиот воздух и живописната природа. Ова село веќе им е познато на холандските туристи кои во лето одат таму на организирано сафари со магариња. Месната заедница на ова село се труди да привлече гости и во зимскиот период. Претседателот на месната заедница вели дека потребно е и мештаните да се вклучат…

Повеќе...

Пелистер

Пелистер

Географски, Пелистер е највисокиот од 24-те врвови повисоки од 2.000 метри на планината Баба. Истото име го носи и националниот парк што во своите прегратки крие вистинско богатство од растенија, риби и цицачи.

Повеќе...

Лесновски манастир во Пробиштип

Лесновски манастир во Пробиштип

ПРОБИШТИП: Легендата вели дека на ова место некогаш се наоѓал Штип, кој бил пробиен од освојувачки војски. Пробиен Штип или Пробиштип. Според преданието, стариот град бил во месноста Грамади, топоним во денешното село Пробиштип, инаку сè уште неистражен локалитет од кој извираат артефакти и при самото орање на нивите.

Повеќе...

Вила „Марија“ ја раскажува приказната за кралското семејство Караѓорѓевиќ

Вила „Марија“ ја раскажува приказната за кралското семејство Караѓорѓевиќ

Под фасадата на Вила „Марија“ се крие приказната на кралското семејство Караѓорѓевиќ, поточно на кралот Александар, кој во 1928 година го купува земјиштето на кое сега се наоѓа винарската визба „Еленови“ и уште триста хектари друго земјиште.

Повеќе...

Брајчино

Брајчино

Денес во Брајчино десетина куќи издаваат соби, во рамките на проектот за развој на селскиот туризам. Старите куќи се обновуваат, а има и зошто. Постојано се зголемува бројот на туристи што сакаат да престојуваат во ова село. Туристичките агенции знаат за проектот и повеќето посети се организирани.

Повеќе...

Лазарополе

Лазарополе

На 1.350 метри надморска височина, на работ од една висорамнина на Бистра, лежи второто по големина малореканско мијачко село и едно од највисоките селски населби во Македонија. Големата височина не му дозволува да има никакво земјоделско производство. Но, затоа има богата и долга историја од втората половина на 15 век.

Повеќе...