fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Трговијата на земјоделски производи ги седна на една маса министрите за земјоделство на земјите членки на ЕУ

Темите се директивата за квалитетот на почвата, прашања поврзани со трговијата на земјоделски производи, програмите за долгорочната визија за руралните области на Унијата, како и годишните консултации за рибарство за 2024 година.

Во Брисел денеска ќе се одржи заседание на Советот на министрите за земјоделство на земјите членки на ЕУ, на кое во фокусот ќе бидат земјоделските аспекти на директивата за квалитетот на почвата, прашања поврзани со трговијата на земјоделски производи, програмите за долгорочната визија за руралните области на Унијата, како и годишните консултации за рибарство за 2024 година.

Според најавата, министрите ќе го разгледаат предлогот на Европската комисија за усвојување на Директива за мониторинг и отпорност на почвата, по која ќе одржат и дебата за земјоделските аспекти на документот, а ќе разменат и мислења за трговски прашања поврзани со земјоделството врз основа на извештаи доставени од ЕК.

На дневниот ред на состанокот е и разгледувањето на Долгорочната визија за руралните области на ЕУ (ЛТВРА) во пресрет на Форумот за рурална политика на високо ниво насловен „Обликување на иднината на руралните области“, што ќе се одржи од 27 до 29 септември во шпанскиот град Сигуенца.

Министрите на земјоделство на ЕУ ќе разменат мислења и за годишните консултации на ЕУ со Велика Британија, Норвешка и останатите крајбрежни држави за можностите за риболов за 2024 година, а шпанското претседателство со Унијата ќе ги информира и за резултатите од Самитот на ОН за системите за храна, што се одржа во Рим од 24 до 26 јули 2023 година.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close