fbpx
Вести

Убаво време и во деновите од викендот

climate-and-weather-vector-icons_GkM-rWvO_S

Денешниот ден ќе измине во претежно ведро и тивко време.

Дневниот максимум на температурата денеска ќе биде во границите од 11°С до 14°С низ котлините, а во гевгелискиот крај и до 17°С.

Претежно ведро време се очекува и во деновите од викендот. Температурата во сабота ќе биде за околу 2°С пониска во однос на петок, додека во недела се очекува температура слична на онаа која што ја очекуваме денеска.

Трендот на ведро време ќе се задржи и во понеделник. Се очекува понеделник да биде и најтопол од овие три дена. Низ котлините се очекува масимална температура од 12°С до 16°С а во југоисточниот регион околу 20°С.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close