fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

На 2 октомври онлајн базар за продажба и купување на македонски прехранбени производи од домашно производство

Актерот Бојан Велевски ќе организира онлајн базар за купување и продавање на прехранбени производи по нормални цени

Економската криза се повеќе зема замав во Македонија, а цените на прехранбените производи во маркетите секој ден се се повисоки и повисоки.

Додека цената на производите се качува – грамажата се намалува, а граѓаните одвај врзуваат крај со крај при купување само на основните продукти за преживување.

Послесното шокантно покачување е поврзано со млекото и млечноте производи кои веќе вредат колку и златото, па поради тие причини актерот и стендап комичар Бојан Велевски се реши на неговата фан страна на социјалната мрежа Фејсбук, оваа недела (02 октомври), да организира онлајн базар за продажба и купување на македонски прехранбени производи од домашно производство и на тој начин да им се помогне на граѓаните.

“🇲🇰🇲🇰 ВРЕМЕ Е ЗА ОБЕДИНУВАЊЕ 🇲🇰🇲🇰

Во НЕДЕЛА (02.10) во 12ч, овде на мојот фан пејџ ќе биде отворен ONLINE БАЗАР за сите оние индивидуални и семејни бизниси кои ќе понудат основни продукти
МЛЕКО, ЈАЈЦА, БРАШНО, СИРЕЊЕ, КАШКАВАЛ, УРДА (РАЗНИ ТИПОВИ НА МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ) по ПОНИСКИ ЦЕНИ од оние во маркетите.

Исто така ќе биде дозволено да се понудат ДОМАШНИ СУВОМЕСНАТИ ПРОИЗВОДИ.

***НАПОМЕНА***
Нема да оставиме простор за злоупотреба и манипулации со цените. Ќе бидат ангажирани четворица админи кои ќе ја следат состојбата 24/7.

Оваа страна ВИЕ ја правите една од најпосетените на фејсбук во Македонија со 350.000 до 500.000 посети неделно.
Штета е да не ја употребиме за нешто многу покорисно од само хумор и сатира.

Правилата за начинот на објава и реклама на Базарот дополнително ќе ги објавиме утре.

Се надевам дека ќе си помогнеме едни на други и заедно ќе ги пребродиме овие неколку тешки месеци.

Ширете го постов за да стигне до што е можно повеќе семејства кои произведуваат домашна храна. 🇲🇰🇲🇰🇲🇰”, стои на неговата објава.

Правилата за учество на овој базар ќе бидат објавени на неговата фан страна на Фејсбук.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close