fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Времето денеска: Сончево и топло со слаб ветер

Во деновите од викендот, според прогнозите на УХМР, се очекува времето претпладне да биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне на повеќе места да биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Температурата наутро ќе биде од 8 до 14 Целзиусови степени, а попладне од 22 до 33 Целзиусови степени. УВ индексот денеска ќе биде 8.

Во Скопје, времето денеска, ќе биде сончево со мала облачност и со слаб ветер од југоисточен правец. Температурата ќе се искачи до 31 Целзиусов степен.

Во деновите од викендот, според прогнозите на УХМР, се очекува времето претпладне да биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне на повеќе места да биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На некои место можно е и појава на невреме. Температурата ќе биде од 23 до 34 Целзиусови степени, а УВ индексот ќе изнесува 8. И во Скопје викендов се очекува претпладне времето да биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во делови од котлината во форма на невреме. Температурата ќе биде до 23 Целзиусови степени.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close