fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

„Синпекс“ во посета на саемот за земјоделство во Болоња

Во Италија земјоделството главно се сведува на лозарство, најголем број од компаниите се занимаваат со производство и продажба на машини за лозарство.

Реномираната компанија „Синпекс“-Битола годинава беше присутна на саемот за земјоделство EIMA 2021 во Болоња, Италија.

Во овој град започнувајќи од 1969 година, се одржува Меѓународниот земјоделски саем кој е втор најголем и најпосетуван саем по саемот во Хановер, Германија. Поради пандемијата, оваа година саемот се одржа од 19 до 20 октомври што е за првпат. Редовен термин е средината на месец ноември.

Саемот е организиран во 14 големи хали или павилјони од кои 3 се на 2 ката каде што изложувачите ги имаат поставено своите штандови и земјоделски машини. Саемот зафаќа површина од 375.000 м2, односно секоја година учество земаат околу 1950-2000 изложувачи, производители со преку 50.000 модели на земјоделски машини, од преку 50 земји во светот.

На годинешниот саем учество зедоа најреномирани светски производител на трактори и приклучна механизација.

Дел од нив, John Deere, New Holland, Orizzonti, Ocmis Irigazione, Peruzzo, Gaspardo, Nobili, VMA, Selvaticci, Berti и многу други.

Со оглед на тоа што во Италија земјоделството главно се сведува на лозарство, најголем број од компаниите се занимаваат со производство и продажба на машини за лозарство. На саемот можете да пронајдете десетици компании кои нудат атомизери, фрези, меѓуредни фрези, мулчери, резачки, култиватори, ножици за кроење и уште многу други.

Саемот за компанијата „Синпекс“ ДОО Битола  е важен од повеќе аспекти. Првиот, тоа е можноста да се зајакнат врските и соработката со компаниите кои се наши добавувачи, да се направат плановите за наредната година и да се запознаеме со новитетите кои тие ги нудат. Од година во година земјоделските машини се менуваат во насока на подобрување на нивната ефикасност преку вметнување на најсовремената технологија. Ние како успешна компанија мораме да ги следиме тие трендови и да бидеме во тек.

Вториот аспект кој исто така  е битен, е тоа што на саемот можете да пронајдете нов добавувач и од прва рака да се уверите во машините кои сметате дека би биле интересни за нашиот пазар. И покрај развојот на интернетот, комуникацијата лице в лице е многу важна и затоа постојат ваквите саеми.
Вообичаено, битните зделки се договараат на B2B средбите кои се организирани во точен ден и време, во посебен павилјон.

Покрај делегатите од трговските компании ширум светот, саемот е отворен и за земјоделските комбинати, компании и земјоделците кои имаат желба, можност и прилика да го посетат.

Посетата претставува едно големо искуство, отворање на нови видици и хоризонти во насоки на осовременување на земјоделското производство, благодарение на новите машини и технологии да се стигне до полесен начин на производство и зголемување на профитот.

Болоња-совршен спој помеѓу земјоделството и науката

Болоња е главниот и најголем град во област Емилија-Ромања во Северна Италија. Брои околу 400.000 жители и е седми најголем град во државата. Една третина од популација се студенти од целиот свет. Болоња е дом на еден од најстарите универзитети во Западна Европа, чиј универзитет датира од 1088 година.

Болоња е значаен земјоделски, финансиски, индустриски и транспортен центар каде многу големи компании од различни индустрии имаат свои производствени и продажни капацитети.

Болоња низ вековите па се до денес

Човечки траги во Болоња првпат се забележани уште во античко време. Градот доста се менувал како што годините поминувале, но внимателно се зачувани знаменитостите од тоа дамнешно време и денес претставуваат основа за туризмот во градот. Она по што овој град е препознатлив и уникатен се долгите и високи згради кои датираат уште од 18 ти век и во кои живее најголем дел од популацијата во градот. На долниот дел, на првите спратови се наоѓаат најразлични продавници, кафетерии и останати објекти, а до нив се доаѓа движејќи се по километарските патеки, односно ходници кои ве штитат од дожд. Локалното население знае да се пошегува и да ви каже дека во Болоња не ви е потребен чадор. Тоа е нешто слично на познатиот Безистен во Битола, но во значително поголеми размери и во висина и во ширина.

Улиците во централното градско подрачје се поплочени со калдрма, но тоа е толку добро направено што имате чувство како да се возите по асфалт.

Истовремено во Болоња можете да уживате во многу нешта. Зеленилото доминира над асфалтот дури и во самиот центар. Булеварите се совршени. Ги обележува комплетно зелен појас со дрвја кои се постари и од 100 години. На истиот булевар каде што возат автомобили има и патека за пешаци, патека за велосипедисти, како и паркинг на мотори. Се е средено и секој ги почитува правилата.

Од само неколку денови поминати во Болоња имате чувство како и вие да сте Италијанец. Лесно се вклопувате во тој стил. Историјата на градот е беспрекорно вклопена во модерното време на живеење. Големиот број студенти од преку 150 држави од светот прават да се чувствувате помлад и да се потсетите на студентски денови седејќи на некои скали каде повторувате пред испит или проверувате грешки. Благодарение на Болоњскиот универзитет градот може да се смета за космополитски. Среќавате луѓе од Јапонија, Гана, САД, Иран, а ги има и од Балканот. Неверојатна синергија.

Од останатите знаменитости вреди да се издвојат двете кули кои потекнуваат од 10 ти век. Исто така во Болоња постојат 12 влезови во обликот на триумфална капија чија намена првично била влез во градот од различна страна. Со текот на времето како што градот се ширел тие не се поместувани, туку претставуваат дел од сообраќајниците во Болоња.

Бојан Ѓеровски

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close