Македонија освои две награди на регионален натпревар за зелени бизниси

(Oвој напис е објавен на: August 22, 2017)

Победничките идеи платформа за продажба на евтини оброци „Храна за сите“ и едукација преку илузионистички еко-пораки „Еко илузија“ ќе бидат поддржани со по 10.000 долари.

Награди добиваат и црногорската идеја „Камп под Острог“ и косовската „Академска платформа“.

Во Македонија натпреварот „Филантропија преку зелени идеи“ трета година по ред го организира здружението за социјални иновации „АРНО“.

Според Ирина Јаневска од „АРНО“, наградите ќе значат многу не само за носителите, туку и за општеството бидејќи во нив покрај еколошката и бизнис компонента има и филантропија и корист за заедниците.

Натпреварот „Филантропија преку зелени идеи“ е годишен конкурс кој поддржува развој на мали, локални, одржливи бизнис идеи и се одржува шеста година по ред, во организација на Фондот на браќата Рокфелер од САД.