вестиЕкологијаТоп вести

Холанѓани засадија 40.000 дрвја, трошејќи пари од платежни картички

 

Корисниците на холандската дигитална банка Bunq потрошиле доволно пари на своите зелени картички за садење на 40.000 дрвја во последните осум недели.

Bunq, во ноември ја лансираше својата Metal Green Card, дизајнирана да им помогне на корисниците да го надополнат своето влијание од јаглерод додека трошат.

За секои 100 долари кои корисникот ќе ги потроши, Bunq засадува дрво со нивни имиња во соработка со проектот за пошумување во Еден.

Во првите осум седмици, корисниците на Bunq Green Card потрошиле доволно за садење на 40.000 дрвја, компензирајки 12,3 милиони кг јаглерод, што е еквивалентно на 13.000 летови од Париз до Њујорк.

Зелената картичка има годишна такса за користење од 99 долари, но Bunq сака да понуди поголема вредност за тоа со продолжена гаранција и зголемена заштита за плаќање за сите направени набавки.

Напорите за пошумување се насочени кон африканската островска држава Мадагаскар, благодарение на домашните дрвја кои апсорбираат јаглерод двојно побрзо од тропските шуми.

Напорите за пошумување исто така се насочени кон обезбедување на работни места и безбедност на локалното население. Мадагаскар е една од најсиромашните земји во светот со над 75 проценти од населението кое живее со помалку од 1,90 долари на ден, а само 13 проценти имаат пристап до електрична енергија, според Светската банка.

Извор:Денар.мк

Слични написи

Back to top button
Close