Инсталирани пет мерни станици за смарт земјоделство во Демир Капија
Со поставување на вкупно 40 мерни станици ќе се овозможи електронски мониторинг на атмосферските влијанија врз земјоделско-обработливите површини на територијата на општините Кавадарци, Неготино, Росоман и Демир Капија, на лозово – овоштарските насади – информираше градоначалникот на Демир Капија, Лазар Петров.
Во Демир Капија се инсталирани пет мерни станици за смарт земјоделство. Активностите се дел од проектот „Инсталирање на мерни станици за смарт земјоделство во општините Кавадарци, Неготино, Росоман и Демир Капија“.
– Со поставување на вкупно 40 мерни станици ќе се овозможи електронски мониторинг на атмосферските влијанија врз земјоделско-обработливите површини на територијата на општините Кавадарци, Неготино, Росоман и Демир Капија, на лозово – овоштарските насади – информираше градоначалникот на Демир Капија, Лазар Петров.
Тој појасни дека агрометеоролошките станици за заштита на земјоделските култури ќе даваат важни информации за влажност на воздухот, сончеви денови во годината, количество на врнежи, степенот на температурни осцилации, како и ред други податоци што ќе се акумулираат електронски со посебен софтвер.
– Со што значително ќе може да се допринесе кон намален трошок за третирање на самите лозови насади со пестициди, а во исто време и кон зголемен принос, со значително зајакнат квалитет на производите – изјави Петров.