Пад на светските цени на шеќерот
Во април, индексот на цените на месото се зголеми
Цените на храната растат втор месец по ред во светот.
Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) објави дека во април е забележан благ месечен пораст на цените на месото, растителните масла и житариците. Но, дел од продуктите се поевтинети.
Во април, индексот на цените на месото се зголеми за 1,6 отсто на 116,3 поени, поради повисоките цени на живината и говедското месо, а индексот на растителното масло се зголеми за 0,3 отсто на 130,9 поени и сега е највисок во последните 13 месеци. Падот на светските цени на шеќерот главно се должи на веста дека производството во Индија и Тајланд е поголемо од очекуваното. Бразил забележа значителни врнежи од дожд на крајот на март по долг период на суша, така што одгледувачите на шеќерна трска се пооптимисти за жетвата.