fbpx
ВестиТоп вести

Малите општини и перспективите за ЕУ

Во изминативе 19 месеци во 9 земји низ Европа се спроведуваше проектот “Малите општини против евроскептицизмот” во кој свое активно учество како проектен партнер зеде Локалната Акциона Група АГРО ЛИДЕР Кривогаштани. Водечкиот партнер ЛАГ Призаг Хрватска во партнерство со 8 држави од Европа, со финансиска поддршка од програмата “Европа за граѓаните”, го истражуваа јавното мислење за евроскептицизмот во малите општини и руралните средини.

Преку 6 одржани меѓународни настани во Хрватска, Португалија, Романија, Македонија, Словенија и завршен настан во Хрватска, со многу учесници од  различна националност, возраст, професионално искуство, етничка припадност и верувања беа споделени позитивните и негативните ставови за Европската Унија, реализираните проекти и нивниот успех, предизвиците со кои се соочуваат земјите членки и земјите-кандидати за членство во ЕУ, како и интеракцијата помеѓу граѓанското општество и институциите.

Постоењето на вакви програми и проекти, и отворените можности за малите општини да бидат дел од нив и да им овозможат на своите граѓани да го искажат својот став, да го прошират своето знаење, да учат од искуствата и добрите практики од другите земји создава услови за раст и развој на локалната заедница, развој на национално и на европско ниво преку негување на сопствените традиции, различности и социо-економски потенцијали.

9 земји, 16 партнер организации, ЕДНА МИСИЈА – да се слушнат перспективите на граѓаните за Европската Унија, што би сакале да се промени во иднина за подорбување на квалитетот на животот во локалната заедница, и кои промени би сакале да се случат на национално и на ниво на ЕУ.

 

Марина Тошеска

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close