fbpx
Вести

Данска- 100% органска земја!

Данска одлучи да стане 100 % органска земја. Само во 2015 -та година оваа земја вложила 53 милиони евра, со цел своето земјоделство да го претвори во органско, а со тоа да стане и прва земја во светот која ќе произведува 100 % органска храна.

danska 100 organska zemja

 

Оваа цел Данска сака да ја реализира до 2020 година. Државата дава поддршка за претварање на земјоделско земјиште во органско, а се стимулира и побарувачката за органски производи.

Иницијативата ја предводи Министерството за храна, земјоделство и рибарство, а во донесениот Акциски план соработуваат регионите и градовите и сите државни и јавни институцуии. Една од првите цели е храната во јавните институции како училиштата и болниците да биде 60% органска, а органска храна ќе консумира и војската.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close