fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Инфлацијата во Македонија е за 50% поголема од таа во Еврозоната, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Цените постојано се зголемуваат, а платите не само што не се исти, туку бележат и пад. Имено падот на реалната плата изнесува над 5%, во 2022 година.

„Заради неспособниот Ковачевски инфлацијата во Македонија за 50% поголема од таа во Еврозоната. Бројките на ДЗС и Евростат покажуваат дека Ковачевски лаже кога вели дека инфлацијата е увезена. Во ЕУ истата е 4.3%, во Македонија во истиот период 6.6%, тоа е за 50% повисока инфлација“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Тоа што народот можел да го купи со 500 денари пред да дојде СДС на власт, сега не може ниту со 1.000 денари.

Цените постојано се зголемуваат, а платите не само што не се исти, туку бележат и пад.
Имено падот на реалната плата изнесува над 5%, во 2022 година.

Падот на реалната плата, и не запирливиот раст на инфлацијата ги носи граѓаните кон сиромаштија и оваа власт нема ниту идеја, ниту знаење како тоа да го запре.

За Македонија да тргне напред, за да запрат катастрофите и поразите потребни се промени, оваа власт мора да замине што поскоро“, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close