Проекти за туризам, пчеларство и земјоделство ќе се реализираат преку ReLOaD програмата во Ресен

Проекти за туризам, пчеларство и земјоделство ќе се реализираат преку ReLOaD програмата во Ресен

„Пчеларство – еколошки бизнис за младите“, „Туристички саем во Преспа“, „Општествена интеракција и економско зајакнување на младите“ и „Рурален туризам – можност за одржлив развој на локалната заедница“ се четирите проекти што наредните шест до осум месеци ќе се реализираат во општина Ресен. Проектите ќе бидат финансирани преку Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD) на УНДП и Европската унија. За кофинансирање од Буџетот на општина Ресен ќе бидат исплатени 638.172 денари или…

Повеќе...

Македонија сѐ уште не знае каков туризам да развива

Македонија сѐ уште не знае каков туризам да развива

Падна и предлог Македонија да не копира други туку да се фокусира, на пример, на гастрономијата која треба да ја брендира преку привлекување на познат бренд ресторан и Скопје да го развива како конгресен центар. Македонија за да има високи приходи од туризмот треба да одлучи каков туризам ќе развива. Во определбата за масовен, елитен, алтернативен или рурален и еколошки, треба да се имаат предвид предностите кои ги дава земјата. Ова денеска на Форум за…

Повеќе...

Грант од ЕУ за развој на авантуристички туризам на Пониква

Грант од ЕУ за развој на авантуристички туризам на Пониква

Локалната самоуправа на Кочани обезбеди над 30,5 милиони денари за реализација на проектот „Планински велосипедски рај“ што ќе се реализира на Осоговските Планини. Станува збор за проширување на туристичкиот потенцијал и за создавање услови за развој на авантуристичкиот туризам, како дел од вториот повик за инвестиции во инфраструктурата поврзана со туризмот на Единицата за спроведување на проектот „Локална и регионална конкурентност“, финансиран од грант од Европската Унија. -Целта на проектот „Планински велосипедски рај“ е да…

Повеќе...

Росоман ќе добие центар за туризам

Росоман ќе добие центар за туризам

Формирање центар за туризам и македонско-грчки кластер, се само дел од активностите предвидени со проектот за прекугранична соработка со Грција што го реализираат фондацијата „Тиквешки вински пат“ и општината Росоман. Во рамки на проектот вреден над 500 илјади евра, од кои над 200 илјади за Росоман, треба да се реализира и промотивна туристичка тура низ Македонија и Грција за новинари и тур-оператори, насловена „Земја на виното”. Според извршната директорка на „Тиквешки вински пат” Виолета Јанкова,…

Повеќе...

Туризмот во Вардарскиот регион ќе се развива со помош на Француските искуства

Туризмот во Вардарскиот регион ќе се развива со помош на Француските искуства

Туризмот во Вардарскиот регион ќе се развива со примена на француски искуства.
Проектите што допрва ќе се реализираат се доказ за успешната соработка што Вардарскиот регион ја има со регионот Алзас од Франција во изминатите години.

Повеќе...

Субвенции и за селски куќи пренаменети за туризам

Субвенции и за селски куќи пренаменети за туризам

Куќите ќе добијат ознака на која има „сончоглед“, потврда дека станува збор за селско домаќинство во рурална средина кои вршат угостителска дејност. Министерството за економија ќе субвенционира изградба или адаптација на селски куќи на домаќинства кои ќе даваат угостителски услуги. Финансиската поддршка во износ од 60 отсто од докажаните трошоци, но не повеќе од 200.000 денари, ќе биде наменета за набавка на опрема и инвентар, како и за уредување на просторот на селски домаќинства. Критериуми…

Повеќе...

Иселениците сакаат да инвестираат во ИТ, аутсорсинг, туризам и во земјоделство

Иселениците сакаат да инвестираат во ИТ, аутсорсинг, туризам и во земјоделство

ИТ и аутсорсинг, туризам, земјоделство и висока технологија, се областите во кои иселениците од дијаспората би инвестирале во Македонија, покажува истражувањето што организацијата „Македонија 2025“ го претстави на Форумот за бизнисмени од дијаспората.

Повеќе...

Пелистер

Пелистер

Географски, Пелистер е највисокиот од 24-те врвови повисоки од 2.000 метри на планината Баба. Истото име го носи и националниот парк што во своите прегратки крие вистинско богатство од растенија, риби и цицачи.

Повеќе...

Лесновски манастир во Пробиштип

Лесновски манастир во Пробиштип

ПРОБИШТИП: Легендата вели дека на ова место некогаш се наоѓал Штип, кој бил пробиен од освојувачки војски. Пробиен Штип или Пробиштип. Според преданието, стариот град бил во месноста Грамади, топоним во денешното село Пробиштип, инаку сè уште неистражен локалитет од кој извираат артефакти и при самото орање на нивите.

Повеќе...

Вила „Марија“ ја раскажува приказната за кралското семејство Караѓорѓевиќ

Вила „Марија“ ја раскажува приказната за кралското семејство Караѓорѓевиќ

Под фасадата на Вила „Марија“ се крие приказната на кралското семејство Караѓорѓевиќ, поточно на кралот Александар, кој во 1928 година го купува земјиштето на кое сега се наоѓа винарската визба „Еленови“ и уште триста хектари друго земјиште.

Повеќе...

Брајчино

Брајчино

Денес во Брајчино десетина куќи издаваат соби, во рамките на проектот за развој на селскиот туризам. Старите куќи се обновуваат, а има и зошто. Постојано се зголемува бројот на туристи што сакаат да престојуваат во ова село. Туристичките агенции знаат за проектот и повеќето посети се организирани.

Повеќе...

Лазарополе

Лазарополе

На 1.350 метри надморска височина, на работ од една висорамнина на Бистра, лежи второто по големина малореканско мијачко село и едно од највисоките селски населби во Македонија. Големата височина не му дозволува да има никакво земјоделско производство. Но, затоа има богата и долга историја од втората половина на 15 век.

Повеќе...