fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Германија е најголем извор на девизи за македонската економија

Германија во континуитет е гумата за спас на нашата економија.

Верувале или не, македонскиот извоз во Германија за првите седум месеци е речиси две милијарди евра и тоа доаѓа околу половина од целиот извоз до крај на јули. Пријателите во мака се познаваат или низ бројки: 600 милиони евра повеќе извоз за Германија во однос на истиот период лани. Германија е најголем извор на девизи за македонската економија затоа што имаме суфицит во трговската размена вреден 1,37 милијарди евра. Па и со таков суфицит, на крај на јули сме кратки 1,45 милијарди евра…

Германија во континуитет е гумата за спас на нашата економија. Германија апсорбира половина од (поточно 48,5 отсто) целиот македонски извоз и со тоа обезбедува девизен прилив што е клучен за одржување на каков-таков стабилен девизен курс на нашата национална валута, повторно докажуваат официјалните податоци на државниот Завод за статистика.

Во Германија нашата економија извезла пред се стоки, но и услуги во вредност од 1,937 милијарди евра што во споредба со истиот период лани е зголемување за речиси 45 отсто односно 600 милиони евра.

Колку и да звучи неверојатно Македонија има суфицит од трговската размена со Германија во вредност од 1,37 милијарди евра. Само за споредба втор по големина трговски суфицит имаме со соседно Косово и тој изнесува 115,7 милиони евра. Плус во трговската размена (вреден за истакнување) имаме уште само со Словачка и со Шпанија. Во размената со Словаците „сме добри“ 50 милиони евра, а со Шпанците 18 милиони евра.

Со сите останати (вкупно 16) од 20 земји со кои имаме најголема трговска размена „сме во минус“ што значи дека повеќе стоки и услуги увезуваме одошто извезуваме.

На другата страна односно кај увозот, доколку ја изоставиме Велика Британија од која заради „Џонсон Мети“ имаме најголем увоз, земји со кои имаме најголем дефицит во трговската размена се Кина со 283 милиони евра, Грција со 260 милиони евра, Турција со 209 милиони евра, Србија со 200 милиони евра и Полска со 132 милиони евра.

Вкупниот извоз на Македонија во првите седум месеци изнесува речиси 4 милијарди евра, а увозот е 5,44 милијарди евра. Кусокот во трговската размена со светот е 1,45 милијарди евра.https://faktor.mk/zoshto-na-germancite-treba-da-im-palime-svekja

Повеќе детални информации на слендиот линк

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close