fbpx
ВестиТоп вести

Производителите на праз: Цената е ниска – министерството за земјоделство ќе поттикне инвестиции за преработка

 

 

Производителите на праз: Цената е ниска – министерството за земјоделство ќе поттикне инвестиции за преработка

Новата сезона на празот започна, но цените на оваа култура остануваат стари како и пред неколку години. Ова го тврдат производителите на праз од општина Василево според кои ниските цени биле причина и за намалено производство во однос на лани. Според нив,  изградбата на откупни центри и организираниот откуп, но и преработувачки капацитети  е решението. Само на ваков начин ќе можело да се зголеми производството со оваа култура   која изобилува со многу хранливи состојки.

,, Производството од година во година се повеќе се намалува затоа што квалитетот го има, ама нема пласман, пласманот е слаб.,, вели Уси Асанов – производител на праз

,, Треба уште малку по добра да биде цената.,, вели Ванчо Митев – производител на праз

,, Празот е добар, само многу трошок имаме. На празот многу трошок има, ама треба да се работи. Ако не се работи нема да може да извадиш ништо.,, вели Назиф Мустафов – производител на праз

,, Давачки имаме многу, а цената е малку слаба. Под 150 денари да не е доле, а се продава по 120 денари, слабо е.,, вели Делистан Исинов – производител на праз.

Ресорниот министер Трајан Димковски кој денеска ги посети производителите на праз и беше дел од манифестацијата во општина Василево посветена на празот  најави поддршка на инвестиции за преработка на празот, но укажа и на потребата од стандардизирано и квалитетно производство.

,, Ние ќе ги поттикнеме бизнисмените, оние кои што сакаат да инвестираат, а сепак поддршката од страна на владата је има преку овие програми, не само преку Ипард туку и преку националните програми се со цел да ги амортизираат овие одредени вишоци , поготово во овој одреден период кога оваа култура стапува на пазарот.,, вели Трајан Димковски – Министер за земјоделие.

Со намера да го промовира производството на праз општина Василево секоја година организира манифестација посветена на оваа култура. Освен производителите на манифестацијата присуствуваат и голем број домаќинки кои презентираат традиционални специјалитети со праз. Годинава средствата од продадените специјалитети ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

извор: Сител

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close