fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Со новата ИПАРД 3 програма предвидуваме и авансна исплата од 50% од поддршката

Денес даваме еднаква шанса на секој. Лошата слика во земјоделството преку уцените, притисоците и селективноста од минатата власт, ја пративме во минатото, објави министерот Љупчо Николовски .

Денес даваме еднаква шанса на секој. Лошата слика во земјоделството преку уцените, притисоците и селективноста од минатата власт, ја пративме во минатото, објави министерот Љупчо Николовски .
Земјоделецот денес има доверба во институциите. Знае дека има фер шанси за секоја мерка која му се става на располагање.
Денес нема едно населено место во државата каде нема да ја сретнете ИПАРД таблата.
Само со првиот повик од ИПАРД  3 прогамата, од ставените на располагање 30 милиони евра, ние добивме апликации во вредност од скоро 90 милиони евра.
Со новата ИПАРД 3 програма предвидуваме и авансна исплата од 50% од поддршката веднаш по потпишувањето на договорот. Младите земјоделци што аплицираат во ИПАРД добиваат и поголем процент на кофинансирање од државата при реализација на проектот.
Ова ни дава за право да кажеме дека испишуваме нова успешана ИПАРД 3 приказна, во која за следните четири години вложуваме 200 милиони евра. Средства кои ќе помогнат во модернизација на домашното земјоделство.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close