fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Изборниот ден неработен за сите граѓани

Работодавачите не треба да извршуваат дејност со исклучок на оние каде работните процесите заради својата природа не можат да се прекинат.

Поради одржување на парламентарните и вториот круг од претседателските избори, денешниот ден е неработен за сите граѓани во Република Македонија.

Работодавачите не треба да извршуваат дејност со исклучок на оние каде работните процесите заради својата природа не можат да се прекинат.

Поради првиот круг од претседателските избори, неработен беше и 24 април. Според одлуката на техниката Влада, двата неработни дена нема да се одработуваат.

Во деновите на изборите, 24 април и 8 мај, не работат ниту училиштата. Со одлука на МОН, наставата од овие денови ќе се надомести во работни денови.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close