вестиТоп вести

Koалите може да изумрат до средината на овој век, предупредуваат експерти

Коалите може да ги снема во Нов Јужен Велс, Австрлија до 2050 година, предупредија експертите на Светската фондација за заштита на животински свет. Коалите најверојатно ќе исчезнат до средината на веков имајќи предвид дека уништувањето на шумите и загадувањето предизвикуваат остар пад на популацијата.

Шумските пожари усмртија речиси половина од коалите кои живеат во крајбрежниот резерват во Нов Јужен Велс, проценија експертите неодамна кога голем број интензивни пожари беснееја низ Австралската држава.

Жестокиот и ран почеток на сезоната на шумски пожари донесе пожар во природниот резерват Lake Innes Nature Reserve кој уништи две третини од живеалиштата на коалите минатиот месец, оставајќи ја последната третина под закана од една од 15-те најголеми огнени стихии во југоисточната австралиска држава.

Според проценките на групата за заштита на коалите во Австралија (Koala Conservation Australia), околу 350 коали кои живеат во резерват на северниот брег на градот Порт Мекквари умреле во пожарите.

Тоа се споредува со вкупна популација од 500 до 600 коали во резерватот, рече претседателот на групата, Сју Ештон.

Негувателите на животните се упатиле кон локалната болница за да се грижат за спасените или преживеани коали. Тие им ги превиткувле раните со завои и ги хранеле со лисја од еукалиптус.

„Бараме сигнали за болка – триење на забите, вознемиреност – и ги третираме зависно повредата“, рече Аманда Гордон, која ја предводи екипата на негуватели, додавајќи дека некои здравствените проблеми се тешко уочливи.

„Понекогаш се чини дека коалите се добро, навистина добро. Нивните шепи може да заздрават, но ако се случува нешто што не се гледа со голо око, не можеме многу да сториме“, додаде Гордон, кој работи во болницата 15 години.

Според негователите, ќе бидат потребни најмалку 10 дена за да се процени целосната штета на популацијата коали.

Иако бројките варираат, се проценуава дека во Австралија живеат од 50.000 до 100.000 коали.

Тие живеат претежно во еукалиптни шуми во источните држави и во крајбрежните делови. Обично живеат до 20 години, своите млади ги носат во торбичка и спијат до 18 часа на ден.

извор: Макфакс

Слични написи

Back to top button
Close