fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Старци се степале во село Болно, па се смешале помлади и истепале еден од старците

87 годишен старец е пренесен во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид

На 12.07.2023 во Полициската станица Ресен било пријавено дека во с.Болно, ресенско, по претходна расправија, А.Т.(87) од с.Болно со остар предмет му нанел повреда на К.М.(67) од истото село. Според пријавеното, после тоа, К.М. и Г.М.(42) од с.Болно со дрвени предмети го нападнале А.Т., при што се здобил со тешка телесна повреда и бил пренесен во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид за укажување лекарска помош. Со тројцата биле извршени службени разговори и по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close